СТРУГА 2020: Дупјачанец – Металург и со послаб тим им ги замрсувал сметките на многу ривали

Екипата на Металург влегува во новата сезона со зголемени амбиции, а колку составот е подготве ќе се види веќе денеска на стартот од струшкиот турнир кога на терен ќе се најдат против екипата на Еурофарм Работник.

Натпреварите за Металург стартуваат со дерби двобој против битолчани и јасно е дека ова ќе биде интересна средба на која и двете екипи ќе имаат што да покажат.

„Очекувам конечно да заиграме ракомет, да се уиграме, да видиме како изгледаме како тим, да има добри натпревари за време на турнирот и да имаме една првична слика за тоа како изгледа нашиот тим на терен“, вели капитенот на Металург и еден од поискусните во тимот, Даниел Дупјачанец.

Тој смета дека сезонава тимот ќе има што да покаже и дека главното го очекува напролет кога ќе се игра плеј-офот.

„Металург е екипа која и во послаб состав од овој што сега го имаме успевала да им замрси сметките на многу од противниците, а тука пред сè мислам на Купот на Македонија во 2019 година. Можеби е рано да очекуваме спектакуларни резултати уште на почеток после долга пауза и подновен состав, но сметам дека оваа екипа во плеј-офот ќе го има својот завршен збор“

Инаку, очекува на крајот да се заврши со битка за трофеите што сигурно ќе биде со оглед на тоа што сега составот е далеку поискусен и поквалитетен од лани.

„Нашата амбицвија сезонава е да обезбедиме што е можно подобар пласман, но тоа да биде како резултат на одлична игра на терен. Мислам дека малку е потребно за овој состав да стигне таму каде што му е местото односно на врвот“, коментираше Дупјачанец.

Металург на Струшкиот турнир почнува со Еурофарм Пелистер, а ова треба да е дуел за првото место во групата. Потоа во следните денови ќе има и пресметка со составите на Струга и Прилеп. Затоа денешниот натпревар е патоказ за дуелот кој ќе се игра в недела односно битката за 3. место или за трофејот.