Женската сениорска репрезентација на Македонија во Грција ќе го одигра квалификацискиот турнир за место во баражот за Светското првенство.
Нашиот јужен сосед го искористи правото на организација на турнирот и ќе биде домаќин најверојатно во Солун, иако од грчката федерација не е соопштен градот.
Покрај Македонија и Грција, во квалификациската група се уште и Литванија и Исланд, а место во баражот обезбедуваат првопласираните две селекции.
Натпреварите ќе се играат од 4 до 6 декември. Доколку Грците се откажеа, Македонија ќе можеше да го организира турнирот.
Распоред на натпревари:
4 декември, Македонија – Исланд
5 декември, Македонија – Литванија
6 декември, Македонија – Грција