Младиот турски ракометар, Харун Бостан, се удави во езеро близу градот Кајсери каде што бил на пикник со друштво.
20-годишниот член на Бурса Нилуфер влегол во езерото да се разлади од жешкото време, но го немало подолго време, пишува „Хентболхабер“.
Неговите пријатели веднаш алармирале и влегле во водата да го бараат. Го нашле, повикале брза помош и Босан бил пренесен во градската болница.
Но веќе било предоцна да се направи нешто, па лекарите само ја констатирале смртта на младиот ракометар.