Домаќинот на Европското првенство во 2022 година, Унгарија (коорганизатор со Словачка) ќе добие вистинска убавица во која ќе се играат натпревари.
Унгарците градат сала која ќе биде мултифункционална, а ќе плени со својот изглед, но и со можноста во неа да се одржуваат натпревари во голем број на спортови.
Според она што се знае сега покрај натпревари во ракомет ќе може да се играат и други спортови во сала како: кошарка, одбојка, хокеј на трева, тенис, уметничко лизгање, но и коњички спортови. Секако Арената ќе биде одлична и за организирање на концерти.
Со ова Будимпешта добива сала каква што нема во близина и ќе биде прва од ваков вид.