„Само да започнеме со натпревари – не чека сезона полна со предизвици“

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ кој е дел од големата Барселона во интервју за sportske.jutarnji.hr зборуваше за претстојната сезона и неговите желби и  очекувања со тимот и репрезентцијата.

Главна цел за  Циндриќ е учество на Олимписките игри кои требa да се одржат наредната година. За неговата екипа во домашното првенство и европските натпреврувања остануваат високите цели освојување на титулите.

„Реално Барселона не би требало да има проблем со помалите клубови, но доколку не сме сто проценти во натпреварот може да имаме проблеми. Имаме широк ростер и ќе бидеме подготвени за сè само да почнеме, да се вратиме на ракометот затоа што коронавирусот не врати многу назад. Не чека добра и возбудлива сезона со многу предизвици, за мене главен е настапот на Олимписките игри. Во Рио не ги дочекав се надевам дека во Токио ќе играм“ рече Циндриќ.

Тој паузата ја поминува во неговиот Огулин каде што замина по прекинувањето на Асобал лигата. Циндриќ би требало да се врати во Барселона за една недела кога ќе започнат подготовките на тимот.