Како изгледаат најдобрите патики за голманите?

Голманот на Магдебург и на репрезентацијата на Данска, Јаник Грин е „чувар на мрежата“ кој редовно е во врвот и играч кој често знае да направи разлика на теренот.

Во интересно интервју тој објасни со какви патики е најдобро да брани односно кои се патиките кои даваат најдобро чувство на теренот.

„Патиките за голманот треба да бидат лесни. Единственото нешто кое е многу важно е ѓонот да не биде дебел бидејќи треба да се има добар контакт со подлогата. Во таква ситуација голманите се чувствуваат подобро и можат да извадат најдобар перформанс“, вели Данецот Грин.

Се работи за одличен голман кој заедно со Никлас Ландин на голот на Данска претставува одличен тандем веќе неколку години.