Во последната сезона во кариерата, Лазаров почнува против Иври

Екипата на Нант, за која настапува капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров во првото коло од новата сезона ќе се соочи со тимот на Иври.

Ждрепкта го донесе овој противник, а на првата средба екипата на Нант ќе биде домаќин.

Првото коло од најсилната лига на Франција ќе се одржи од 24 до 27 септември, а во него домаќини се и Монпелје (игра против Шартр) и ПСЖ (за ривал го има тимот на Екс ан Прованс).

За Лазаров ова треба да биде последна играчка сезона бидејќи најави дека на крајот од истата ќе се повлече и ќе се пресели во тренери.