Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен, по венчавката со неговата избраничка Стефани Гунделах, успеа да заврши уште една обврска што досега не успеваше поради ракометните обврски.
Иако можеби подолго од планираното, тој успеа да го заврши и средното образование во Копенхаген, на 32 години. Тој минатиот викенд ја доби диломата од гимназијата „Вестковен“.
Тој е последниот од неговата генерација што го заврши средното, а поради тоа имаше мала свеченост на која беа присутни и неговата сопруга и синот.
Гимназијата се пофали на социјалните мрежи за успехот на Хансен.