Уште не почна првенството, тимот на Толедо остана без тренер

Поранешниот ракометар на Вардар, Хозе Толедо во новата сезона ќе игра за тимот на Баја Маре во Романија, а овој тим уште на стартот на подготовките остана без тренер.

Стратегот од Франција, Стефан Плантин не се појави на тренинзите, па затоа од клбот заработи отказ.

Пред извесно време Плантин на социјалните мрежи објави дека раскинува со клубот од Баја Маре. Сепак, тогаш овие информации брзо беа демантирани.

И покрај тоа новите вести од Романија говорат дека клубот почна со тренинзи, а тренерот цел месец не е вратен во Романија. Оттаму раководството немаше избор освен да му додели отказ.

На местото на Плантин привремено е поставен Александар Сабау, но се очекува наскоро да биде именуван нов тренер.