Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе одигра две одлични сезони во европскиот првак Вардар.
Иако имаше активен договор, тој доби раскин и реши да ја прифати понудата на белорускиот првак Мешков Брест, со кој договори соработка на две сезони.
Мешков упати понуди до повеќе ракометари на „црвено-црните“, сакајќи да ја искористи тогашната лоша ситуација во клубот, но го договори само Скубе.
Средниот бек веќе пристигна во градот и наскоро ќе ги започне подготовките со новиот клуб, со кој ќе гостува во Скопје.