Ракометарот на Келце и поранешен играч на Вардар, Игор Карачиќ во моментов се наоѓа во Дојран каде што на Градска плажа ги полни батериите за новата сезона.
До почетокот на подготовките останува уште малку, а со оглед на тоа што годинава не може на море искористи шанса на езеро да ужива и да одмори колку може повеќе пред стартот на новите напори.
Карачиќ е играч кој учествуваше во сите успеси на Вардар, а минатото лето се пресели во Келце.
Инаку, во Дојран е со својата понежна половина, која и ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил.