Младиот стружанец Емилијан Ѓорговски според многумина еден од најнадежните млади ракометари во Македонија следните четири години ќе биде дел од новиот суперлигаш КЛ7.
Роден е 2002 година, кадетски репрезентативец на Македонија, а од 2016 Ѓорговски е во КЛ7 Струга каде ги помина сите селекции од пионерска, преку кадетска до младинска.
Ѓорговски во минатата натпреварувачка сезона 2018/19 учествуваше во три завршни турнири и беше шампион во кадетска конкуренција.
Од оваа година ќе дебитира во Супер лигата бранејќи ги боите на сениорската екипа на КЛ7. Претходно новиот суперлигаш ги обнови договорите со Давид Мирчевски и Марко Стојковиќ, а нов договор потпиша и Андреј Петковски.
Засилувања за тимот се Глигор Гајиќ, Виктор Василевски и Андре Буторац.