Подготовките на повеќето европски екипи ќе стартуваат на средината на месец јули, а големите професионалци од Вардар веќе започнаа со индивидуални тренинзи по долгата пауза.
Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Столе Стоилов заедно со Игор Карачиќ, кој се уште е во Македонија, одработија заеднички тренинг.
Карачиќ сигурно нема да се врати во Вардар, но додека не замине во Полска, ќе тренира со некогашните клупски другари.
Вардар стартува со подготовки на 18 јули.