Хрватскиот репрезентативец Анте Гаџа ќе биде едно од новите засилувања за европскиот првак Вардар во новата сезона.
Средниот бек летниот одмор го минува на хрватските острови Хвар и Вис, заедно со понежната половина.
Гаџа ќе се појави на подготовките на „црвено-црниот“ тим што ќе започнат на 18 јули во Скопје.