Францускиот репрезентативец Кентан Мае имаше доволно време да ја залечи повредата на коленото и во новата сезона да пружи максимум.
Членот на Веспрем за „Л’екип“ вели дека паузата поради коронавирусот добро му дошла.
„Имав доволно време да се рехабилитирам по повредата на коленото. Мојот доктор смета дека во целост е залечена. Можеби звучи егоистично, но кризата со коронавирусот се покажа полезна за мене“, вели Мае.
Французинот ќе ги започне подготовките со Веспрем во средината на јули.