Еден од најдобрите голмани на денешницата, кој минатото лето го смени клубот се пофали со неколку фотки од своето детство, но и со своите дечиња.
Од насловната фотка веројатно тешко ќе можете да погодите за кого станува збор, но кога ќе ги погледнете сите фотографии ќе видите дека се работи за „чуварот на мрежата“ на Пик Сегед.
Станува збор за голманот Роланд Миклер, кој е меѓу најдобрите голмани во светот во моментов. Тој знае да се разбрани така добро што неговите противници често знаат да го запаметат по „лошо“.