Во јануари Ева Киш објави дека по крајот на сезоната ќе се пензионира, а потоа следуваше прекин на сезоната заради пандемијата. Тоа ја натера Унгарката да размислува да ја продолжи кариерата за уште една година.
Првенството беше прекинато, а Лигата на шампионите одложена за септември што беше причина за премислувањето на Ева Киш, но сега веќе нејзиното пензионирење е официјално.
„Признавам, крајот на кариерата не го замислував на ваков начин, но нема да тагувам премногу долго бидејќи има и поголеми трагедии од тоа во светот. Јас веќе еднаш ја донесов одлуката за пензионирање, а сегашната состојба сепак не ја промени. Би сакала да се заблагодарам на Ѓер, луѓето во клубот, соиграчите и навивачите. Во иднина ќе се фокусирам да дадам што е можно повеќе на мојот клуб надвор од теренот, односно како тренер“, рече Ева Киш.
Голманката ја завршува својата кариера на 32 години, а за репрезентацијата на Унгарија имаше 96 настапи. Киш својата професионлна кариера ја започна во Дебрецин, а потоа играше уште во Веспрем, Шиофок, Фехервар пред да го облечен дресот на Ѓер.
Киш го одбрани последниот шут во второто продолжение на Андреа Чанаџија во големото финале на Лигата на шампионите меѓу Вардар и Ѓер од сезоната 2017/2018, и го прати женскиот „црвено-црн“ тим во историјата без титула.