Славомир Шмал ќе ги „облекува“ ракометарите на Гдањск

Клубот Гдањск потпиша соработка со фирмата РЦ Актив која е официјален дистрибутер на спортската опрема Хумел во Полска. Сопственици на компанијата се поранешниот голман на репрезентацијата на Полска, Славомир Шмал и Радослав Васиак.

Во Гдањск се особено задоволни од новата соработка, а дополнителна доверба на луѓето во клубот влева раководството на новиот партнер предводен од легендарниот полски голман Шмал.

„Се сеќавам уште кога играв во овој бренд во репрезентацијата на Полска, опремата беше екстремно квалитетна и многу почитувана кај ракометарите. Оваа соработка е многу важна за нас и сметаме на голема поддршка од новиот партнер чии интереси ги застапува легендата на полскиот ракомет Славомир Шмал“, изјави менаџерот на клубот Дамјан Влеклак кој е поранешен репрезентаивец на Полска.

Интересно е што ракометарите на Гдањск во деведесетите години играле во истиот бренд на спортска опрема кога ги забележале најголемите успеси. Оттаму со новата опрема се надеваат на подобри резултати во иднина.