ПСЖ со ултиматум до Сагосен – или врати се во Париз или нема плати и бонуси!

Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен мораше да се врати во Париз да го одработи последниот месец од договорот со ПСЖ.

Дури од 1 јули, Сагосен ќе биде слободен да замине во Германија и да започне со тренинзи со Кил.

Раководството на францускиот тим му дало ултиматум на Сагосен – дека ако не се врати во Париз нема да ги добие преостанатите плати и бонуси.

„Морав да се вратам во Париз да го одработам договорот до крај – тоа беше единствен начин за да ги земам сите плати и бонуси. Ние се уште не можеме да тренираме ракомет, се гледаме само три пати неделно за физички активности. Зошто е сето тоа така – навистина не разбирам и тоа многу ме нервира“, вели Сагосен за ТВ2.

Тој со ПСЖ обезбеди место на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но таму ќе игра со новиот клуб Кил.