25-годишното десно крило Марио Лопес, капитен на шпанскиот Адемар Леон, нема да му биде продолжен договорот.
Тој беше еден од играчите кои јавно ги бараа неисплатените плати за последната сезона од раководството.
Лопес имаше усен договор за следните две сезони но нема да го стави потписот.
„Во следната сезона нема да бидам дел од Адемар Леон од добро познати причини. Јас не можам против своите принципи и против моите колеги кои се соочуваат со исти проблеми“, вели Лопес.
Адемар Леон и покрај тоа што ги нема исплатено сите плати кон ракомеетарите од минатата сезона, веќе активно бара засилувања за новата и поднесе барање за вајлд-карта за Лигата на шампионите.