Раул: Во Франција владее страв, ракометот допрва ќе трпи сериозни удари

Последиците од коронавирусот допрва ќе ги чувствуваат спортските колективи, а ракометот нема да биде исклучок.

Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, кој сега го води францускиот ПСЖ стравува за иднината.

„Овде во Франција владее страв, професионалниот спорт ќе претрпи голем удар. Во период кога има криза, клубовите прво остануваат без своите спонзори, а без публика ќе биде екстремно тешко за многу клубови. Некои ќе преживеат, а други ќе мора да преземат мерки или во спротивно ќе се распаднат. ПСЖ е стабилен, но на долг рок никој не може да зборува. Ќе мора да живееме натпревар по натпревар“, вели Раул.

Шпанецот со ПСЖ во декември ќе се обиде да стигне до титулата во Лигата на шампионите, кој е сон на францускиот тим долги години.