Претседателот на Русија, Владимир Путин, за ТАСС зборуваше за пропуштените три месеци на спортистите без тренинзи.
Тој има предлог како сите екипи да започнат со тренинзи без разлика дали ќе продолжи пандемијата со коронавирусот.
„Зошто спортистите да бидат во карантин дома, кога можат да бидат во групна изолација во некои спортски комплекси и можат да продолжат со тренинзите таму. Тие може да бидат во тренинг кампови додека трае пандемијата и така да не губат време“, вели Путин.
Во Русија сите спортски објекти беа надвор од функција два месеци, а на 25 мај беше дозволено спортистите да започнат со тренинзи на отворено. Ракометните комплекси во Новогорск близу Москва исто така веќе се во функција и ќе може да ги примат машката и женската репрезентација во иднина.