Хокеарот на Динамо Минск, Белорусинот Илја Казанин настапува во најдобрата лига во земјата. Тој за белоруските медиуми зборуваше како започнал да игра хокеј и зошто се откажал од ракометот.
Главна причина која го одалечила од терените е тренерот на тогашниот клуб каде што започнал да тренира. Премногу гласното комуницирање, односно силно викање на тренерот кон играчите било одлучувачко за неговата одлука.
„Тоа е долга приказна, тренерот за ракомет дојде во нашето училиште да бара играчи. Јас и мојот другар се пријавивме и отидовме да играме ракомет, но поминаа три месеци и мене воопшто не ми се допадна. Тренерот ни викаше многу силно. Кога се вративме во училиште, имавме другар кој играше хокеј. Тој дојде во училиште донесе медали и започна да се фали дека е најдобар во клубот. Тоа ме привлече, сакав и јас да освојам медали. Ми кажа каде тренира, отидов и започнав да играм хокеј“, рече Казанин.