Францускиот ракометар Пјер Ив Раго, која во последната сезона настапуваше во романскиот тим Фагараш, е осомничен за шверц на дрога!
Романската полиција открила нелегално одгледување на канабис во домот на Раго во Фагараш. Доколку биде прогласен за виновен, Раго ќе добие затворска казна од 2 до 7 години, иако во романските медиуми нема премногу детали за случајот.
34-годишниот Раго беше еден од најважните играчи во Фагараш, а претходно играше во шампионот Динамо Букурешт и во Баја Маре.
Од клубот, откриваат дека откако биле прекинати тренинзите, имале само еден контакт по телефон со Раго.
„Не можевме ни да помислиме дека тој може да биде вмешан во такво нешто. Како спортист, немавме никакви замерки кон него, но не можевме да го контролираме неговиот живот надвор од ракометот. Изненадени сме и не можеме да поверуваме дека ова е вистина. Целиот тим е во шок“, велат од Фагараш.