Романскиот десен бек Патриција Визитиу е пред трансфер во рускиот тим ЦСКА Москва, пишува „Про Спорт“.
Оваа сезона таа беше дел од Крајова, но нема да го продолжи договорот, а на рускиот тим му треба уште една леворака ракометарка, па трансферот е многу веројатен.
Визитиу е искусна 31-годишна ракометарка, која потекнува од Рулментул Брашов, а играше за Валчеа, Баја Маре, ЧСМ Букурешт, како и за турскиот Ускудар и словенечкиот Крим.
Лани во ЦСКА Москва на десната бековска позиција играше Сара Ристовска, но од септември таму би требало да бидат Визитиу и Скоробогатченко, а нашата ракометарка ќе се врати на десно крило заедно со Марина Судакова.