Левиот бек на европскиот шампион Ѓер и бразилска репрезентативка Едуарда Аморим Талеска, ќе се проба како водителка.
Таа ќе има свое Инстаграм лајв шоу – На чај со Дуда, во кое ќе и гостуваат некои нејзини поранешни или актуелни колешки.
Првото издание ќе биде в недела на нејзиниот Инстаграм профил со почеток во 20:00 часот, а гостинката не е откриена.
Аморим Талеска е македонска снаа, а играше во Кометал Ѓорче Петров три сезони пред да се пресели во Ѓер.