Најголемиот дел од странските ракометари во Еурофарм Пелистер си заминаа во своите татковини, а само еден од остана во Битола.
Босанскиот интернационалец Марин Вегар имаше причина за тоа, бидејќи неговата сопруга Јосипа беше бремена.
Пред два дена левиот бек на „фармацевтите“ стана татко и имаше голема причина за радост бидејќи неговиот син се роди во град на ракометот каков што е Битола.