- Романскиот шампион Динамо Букурешт потпиша нови договори со тројца ракометари. На една година се обврзаа Мохамед Мамду и Анте Кудуз, додека Камел Алуини потпиша на две сезони.
- Десниот бек од Португалија, Хорхе Силва, кој играше со Дарко Димитриевски во Синфин Сантандер, направи трансфер во тимот на Нава.
- Францускиот Сесон Рен најде замена за Робин Кантегрел и го обезбеди потписот на досегашниот голман на Ним, Јоже Базник.
- ЦСКА Москва во следната сезона нема да смета на услугите на пивотменот Егор Евдокимов, десниот бек Евегениј Цахариас и дефанзивецот Никита Самарски.
- Десниот бек на ПИК Сегед, Лука Степанчиќ иако имаше активен договор и за следната сезона, уште отсега го продолжи за уште две сезони и ќе остане најмалку до 2023 година во Унгарија.
- Два десни бека ги напуштија своите клубови од Асобал лигата. Русинот Руслан Дашко по една сезона замина од Пуенте Хенил, а истото го направи и Унгарецот Балинт Фекете, кој замина од Куенка.