„НБА звездите“ од Веспрем повторно во акција – Манасков против Мае (ВИДЕО)

Дејан Манасков и дел од ракометарите на Веспрем им се вратија на тренинзите во сала.

Иако сезоната е откажана, сепак унгарскиот тим ќе биде дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите на крајот на декември.

Честопати избраниците на Дејвис вежбаат и кошарка, а така беше и на денешниот утрински тренинг.

Французинот Кентан Мае и нашиот Манасков имаа директен двобој. Кој победи, погледнете во видеото…