Ѕвездата на Баерн Минхен и фудбалската репрезентација на Германија, голманот Мануел Ноер пред четири месеци се раздели со неговата сопруга Нина, а веќе има нова девојка која многу потсетува на неговата порнешна сопруга.
Германецот кој има 34 години со поранешната сопруга се ожени во 2017, а сега откако бракот беше прекинат тој има нова девојка – тинејџерка. Новата девојка на Ноер е 19-годишната Аника Бисел која е ракометарка на клубот Китис. Освен што се заминава со ракомет русокосата Бисел студира на факултетот за моден менаџмент во Минхен.
Според германските медиуми, Аника Бисел, иако има свој стан секој слободен момент го поминува во луксузниот дом на Мануел Ноер. Опседнатоста и заљубеноста на Германецот во новата девојка ги потврдува фактот што тој веќе ја запознал со неговата мајка.
Во семејството на Аника Бисел таа не е единствената која се занимава со ракомет. Нејзиниот брат Кристофер исто така е ракометар во Бундес лигата и настапува за Ерланген. Интересно е тоа што братот и сестрата играат на истата позиција, лево крило.