Исландското лево крило и најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот ракомет воопшто, Гудјон Валур Сигурдсон, денеска на социјалните мрежи објави дека ја завршува богатата кариера.
Левото крило што секогаш знаеше да и направи големи проблеми на машката репрезентација низ многубројните натпревари со Исланд, ја завршува кариерата како член на ПСЖ.
Иако пред една седмица за исландските медиуми најави дека е подготвен да игра уште неколку сезони, сепак денеска реши да каже крај. Настапуваше за Акурери, Тусем Есен, Гумерсбах, Рајн Некар Левен, Копенхаген, Кил, Барселона, повторно Рајн Некар и на крајот ПСЖ.
За националниот тим има постигнато 1875 погодоци, рекорд што сигурно уште долго време ќе остане несоборен.