Кога ќе се погледне листата на стрелците меѓу репрезентативците на Македонија кои забележале настап на Европските и на светските првенства името на Кирил Лазаров сосема очекувано се наоѓа највисоко со голема предност во однос на другите ракометари. Тој е единствениот ракометар што настапил на сите досегашни СП за Македонија, и на пет од шесте ЕП на кои играчла Македонија. Единствено на ЕП 1998 година бевме без левиот бек.
Сепак, мал е бројот на играчи кои можат да се пофалат дека се наоѓаат во клубот 100+ погодоци бидејќи само петмина досега успеале да го направат ова и да се најдат во групата со трицифрен број на голови.
Лазаров е лидер со 472 гола и доколку Македонија добие валјд-карта за учество на Светското првенство во Египет ќе има шанса да стигне и до бројка од над 500 гола на ЕП и на СП.
На листата има уште четворица ракометари, а Дејан Манасков е близу до клубот 200+ бидејќи му недостигаат уште само четири гола.
ВЕЧНА ЛИСТА
КЛУБ 100+ ГОЛОВИ
472 – Кирил Лазаров
196 – Дејан Манасков
154 – Стојанче Стоилов
118 – Филип Миркуловски
110 – Гоце Георгиевски