Во текот на вчерашниот ден се одржа конференција во која партиципираа генералните секретари на одбојкарската, фубдалската, кошаркарската и ракометната федерација, како и генералот секретар на МОК.
Темата беше „Спортот во услови на коронавирус“, а генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, го објасни ставот на луѓето што го водат најпопуларниот спорт во нашата земја.
„Имаме вонредна состојба која што ќе трае до 15 мај, а поголемиот број на договори на ракометарите и ракометарите се со валидност до крајот на тој месец. Насоките од ЕХФ се да се заврши националниот систем на натпревари до крајот на мај, па се наметна заклучокот дека нема реални услови за завршување на шампионатите. Ние како федерација во разговорите со сите клубови, членки, доставивме предлог до Управниот одбор на РФМ да не се прогласи победник по националниот систем на натпревари, а имаме намера дополнително да го смениме самиот систем на натпреварување во машка конкуренција од следната сезона. Наскоро ќе имаме состанок на УО каде што ќе се конкретизира предлогот. Искуството од Европа вели дека многу ракометни федерации ги завршија своите првенства“, рече Милошевски.
На состанокот на УО на РФМ треба да биде одреден и начинот на кој ќе се распределат и местата во европските купови.