Хрватот кој настапува во дресот на Мешков Брест, Сандро Обрановиќ за официјалниот веб сајт на клубот во интервју говореше за неговото семејство и неговите соништа, а сподели и уште неколку интересни моменти од неговиот живот.
Обрановиќ е интересна личност, во неговото семејство се вкупно седум браќа и сестри, тој сонува да има дрвена куќичка во село, а една од желбите му е со мотор да го помине автопатот од Чикаго до Лос Анџелес.
„Ние сме седум браќа и сестри, секако се гледаме, но најблизок сум со брат ми Андреј. Кога ќе се собереме на ручек за Божиќ има триесетина луѓе на 60 квадрати. Балканците сакаат многу да се дружат, на свадбата на сестрата на сопругата имаше осумстотини гости, но на мојата не беше така имаше само триста. Кога ќе се вратам во Карловац првиот ден седам таму, следниот веќе одам на село. Сакам да имам дрвена куќичка во селото и секој викенд да одам таму. Исто така сонувам и да имам мотор и тоа е доволно. Би сакал да го поминам автопатот 66 – од Чикаго до Лос Анџелес. Се разбира, со мотор. Со „Харли“, седнувате и уживате во погледот“ рече Обрановиќ.
Сандро Обрановиќ е веќе две сезони играч на Мешков Брест, а пред извесно време го продолжи договорот до 2021 година. Хрватот е важна алка во белорускиот тим, а неговото отсуство од тимот додека беше повреден беше забележително според резултатите.