КРАЈ ВО ФРАНЦИЈА: ПСЖ е шампион, Лазаров и Нант обезбедија место во Лигата на Европа!

Иако одолеваа долго време додека трае борбата со коронавирусот, сепак челниците на француската ракометна федерација ставија крај на најсилните лиги, откако пред три седмици беа стопирани сите натпреварувања во пониските конкуренции.

За шампион е именуван ПСЖ, кој и беа тоа немаше конкуренција, додека Нант, Монпелје, Ним и Тулуз обезбедија место во Лигата на Европа, но Нант сигурно ќе побара вајлд-карта како второпласиран и ќе му се придружи на тимот на Раул во елитната Лига на шампиони.

Нема да има испаѓање од лигата, туку проширување. Новите две екипи ќе бидат Лимож и Сесон Рен.