Откако ракометната федерација на Полска означи крај на првенството и титулата беше доделена на Келце остана неизвесно кога ќе се одиграат натпреварите за да се добие победник во Купот.
Женското финале на Купот и останатите натпревари во машка конкуренција од Купот на Полска ќе се одиграат една недела пред почетоток на следната сезона како што јавуваат полските медиуми.
За да се добие победник во Купот во женска кокнуренција треба да се одигра само финалниот натпревар помеѓу Лублин и Кошалин. Додека пак во машка конкуренција останувааат уште шест натпревари за да се дојде до освојувач на пехарот.
Пандемијата со коронавирусот прави големи проблеми на ракометните федерации како да ги приведат до крај првенствата и натпреварувањата во куповите. Колку оваа одлука на федерацијата на Полска е оправдана останува да видиме.