Вонредната ситуација која е прогласена во Романија доведе практично до гасење на едно спортско друштво кое по некоја случајност го има истото име како и вирусот, Корона.
Се работи за отпуштање на професионалци од дури девет екипи на Корона од Брашов во различни спортови. Меѓу нив се и ракометарите и ракометарките кој веќе неколку месеци се борат со суспензија поради допинг случај.
Според ситуацијата Корона е обврзана да им исплаќа на 75% од просечната бруто плата, а тоа е 840 евра.
Останува да се види како ќе течат сите работи, а има уште неколку други екипи кои се наоѓаат во тешка ситуација.