Проценките на македонските епидемиолози е дека заразата со коронавирусот во Македонија ќе го има својот врв за околу еден месец од сега, кон крајот на април.
Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди таа информација на вчерашната прес-конференција.
„Сметам дека во следниот месец секој ден ќе се зголемува бројката на заболени, а врвот ќе биде кон крајот на април“, рече Филипче.
Тоа значи дека спорт, односно ракомет во Македонија би можеле да гледаме најрано на средината на месец мај, а можеби ниту тогаш.
Ракометната федерација на Македонија денеска се огласи со соопштение дека ги одложува сите лиги и натпревари на неоредено време.