Половина од учесниците на ракометните турнири во рамките на Олиписките игри веќе се познати, а останува да се дополнат уште по шест места во двете конкуренции.
Квалификациските турнири првично требаше да се одржат од 20 до 22 март во женска конкуренција, а од 17 до 19 во машка конкуренција, но поради ситуацијата со ширењето на коронавирусот тие се одложени за јуни.
Доколку и тогаш нема услови да бидат одржани, Светската ракометна федерација и Светскиот олимписки комитет имаат резервна варијанта.
Квалификации нема да има, а преостанатите учесници ќе бидат одредени според рејтингот на континеталните и светски шампионати.
На почетокот на април би требало да биде познато како ќе се рангираат репрезентациите, доколку нема квалификациски турнири.