Новинарот од Запорожје, Андреј Бездолни на својот профил на Фејсбук објави резултати од Министерството за спорт на Украина на кој се најдоа имињата на играчите кои добија договори.
Според информациите доделени се договори, а со тоа ќе бидат доделени и спортски плати на девет играчи од репрезентацијата на Украина. Сепак, од оние кои се на списокот само Захар Денисов навистина има играно, додека Станислав Плјасун бил дел од поширокиот состав, но не и од финалниот список.
Другите седуммина кои довија договор се: Игор Бережној, Артем Борсук, Игор Гурин, Александар Лисов, Алексеј Пјатак, Дмитриј Телишевски и Николај Морозов. Тие не биле дел ниту од поширокиот состав на Украина.
Инаку, сите од играчите кои добиле плата освен Денисов минатата година играле за тимот на ЦСКА Киев каде што претседател е првиот човек на Ракометната федерација на Украина, Андреј Мелник.
грачите земале дел од парите, а другиот дел го давале на тренерот на ЦСКА, Артем Боршук.