Ракометарките на Металур го отворија 16. коло од Женската лига со победа од 43:16 против Спартак и ја оправдаа улогата фаворит на овој дуел.
Ова е средба за која нема што посебно да се истакнува бидејќи победникот беше јасен уште пред почетокот. Металург беше фаворит и уште во првото полувреме направи предност од десет гола.
Гостинките имаа водство на почетокот со 2:1, 3:2 и 4:3, но после ова немаа сили да следат и разликата во корист на домашните постојано се зголемуваше.
Металург десетте гола од првиот дел во второто полувреме уште повеќе ги зголеми, па на крајот беше прашање само со која разлика ќе биде завршен овој натпревар.
МЕТАЛУРГ – СПАРТАК 43:16 (18:8)
Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Адриана Здраковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
МЕТАЛУРГ: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 3, Владева, Гулицоска 1, Тасевска 9, Арсениевска 1, Алексоска 1, Темелковска 2, Дамчевска 3, Калајџиевска 4, Божиновска 1, Граматова 8, Ристовска 1, Стефановска 4, Петковска 5.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.
СПАРТАК: Самарџиеска, Костадиновска 1, Китановска 1, Неделковска, Василева 3, Величковска, Димитрова 5, Андонова 1, Ивона Кимовска, Ива Кимовска 3, Домазетовска 2
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.