Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед откако го продолжи договорот со шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас за уште една година, го врза уште еден играч од актуелниот кадар.
Словенечкиот репрезентативец Матеј Габер веќе трета сезона го носи дресот на ПИК Сегед, а со новиот договор на четири сезони, би требало да остане полни седум години односно до 2024 година.
Габер дојде во Унгарија од францускиот Монпелје и се наметна како главен играч во одбраната и еден од најгрубите во тимот предводен од Хуан Карлос Пастор, а тоа многу пати на своја кожа го имаат почувствувано и вардарци.
Претходно договорите ги продолжија и Богдан Радивојевиќ и Деан Бомбач. ПИК Сегед ќе се соочи со Вардар во осминафиналето на Лигата на шампионите на 22 и 29 март.