Корона вирусот не може да ги заобиколи ниту спортистите, односно ракометарите. Во Шпанија се забележани два случаи на заразени ракометари во второлигашот Малага.
Освен нив, чија зараза е потврдеа одшпанските власти, уште седум играчи се наоѓаат во изолација и се очекуваат нивните резултати од испитувањата.
Претседателот на Малага, Алберто Камас, потврди дека играчите на клубот се изолирани во своите домови.
Потврдено е дека еден од двајцата заразени бил на одмор во Италија на крајот на месец февруари.
Претставници на Малага во меѓувреме ги контактирале трите клуба против кои играле во пролетниот дел од сезоната, бидејќи заразените ракометари имале голема минутажа на тие натпревари.