Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, иако потпиша тригодишен договор со Магдебург, сепак на лето би можел да има нова средина.
Станува збор за тимот на Хановер, кој бара замена за данскиот интернационалец Мортен Олсен.
Според пишувањата на германските медиуми, Миха Зарабец ја одбил понудата на Хановер да се пресели кај нив, а Скубе исто така не е повеќе опција, па Кузмановски би бил најверојатно замената за Олсен.
Македонскиот бек кој стигна во Бундес лигата од Еурофарм Пелистер, не ја добива потребната минутажа од тренерот на Магдебург, па нов клуб на лето е логичен след на настаните.