Ракометарите на Вардар се блиску до пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако славеа на гостувањето кај Нексе во Нашице со 30-31.
Тренерот Стевче Алушовски смета доколку победел домашниот тим, немало да биде незаслужено.
„Честитки за Нексе за фер плеј играта. Ова е само првото полувреме од овој двомеч. Немаше да биде незаслужено ако победеше и Нексе, но како и да е, ние бевме малку посреќни. За една седмица ќе имаме реванш во Скопје, на кој мора да бидеме максимално сериозно ако сакаме да стигнеме до завршниот турнир во СЕХА“, изјави Алушовски.
Реванш натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра во Скопје на 25 март со почеток во 20:15 часот, на кој шампионот ќе атакува на нова победа за место на Ф4.