Штербик го отпиша Вардар: ПИК Сегед никогаш не играл на Ф4, ќе се борат како лавови против нас

Ракометарите на Вардар ги очекува осминафиналниот двомеч од Лигата на шампионите против стариот познаник ПИК Сегед, а доколку ја минат оваа пречка во четвртфиналето ги чека победникот од дуелот меѓу Веспрем и Висла Плоцк.

Со оглед на моменталниот развој на настаните, сите очекуваат унгарски двобој во четвртфиналето, па така и некогашниот вардарец Арпад Штерби.

„За да обезбедиме место на завршниот турнир, мора да се бориш максимално, а нашата форма е ветувачка. Најпрво мора да го минеме секогаш незгодниот тим Висла Плоцк, кој го води екс тренерот на Веспрем, Чави Сабате. Потоа не чека нашиот голем домашен ривал ПИК Сегед. Тоа е тимот што ја победи Барселона пред своите гледачи. Ракометарите од Сегед никогаш не играле на завршниот турнир во ЛШ, па сега ќе се борат како лавови да успеат во последниот филтер пред Ф4. Сигурно ќе биде еден од моите најдобри денови во кариерата ако ја освојам титулата во ЛШ со Веспрем“, изјави Штербик за унгарските медиуми.

Термините за натпреварите меѓу Вардар и ПИК Сегед се 22 март во Скопје од 17:00 часот и 29 март во Сегед, исто така од 17:00 часот.