Тимот на Кузман Вардар ја прослави третата победа оваа сезона, откако во населба Илинден славеше над Ѓорче Петров со 24-21 во натпревар од 15 коло во Женската лига.
Гостинките парираа во првото полувреме до финишот кога избраничките на Александра Кузмановска поведоа со плус три, 11-8.
На стартот на вториот дел, Кузман Вардар погоди уште три пати во серијаза 14-8 и потоа лесно го одржуваше водството.
Сепак во финишот ѓорчевки се заканија, намалија на минус два, но немаа сили за комплетен камбек и бодовите останаа дома.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Филипова со пет голови, како и Марија Бојковска и Ивона Русевска со по четири, додека кај Ѓорче Петров, Тамара Србиновска постигна 13 погодоци.