Металург броеше до 63 за лесни бодови против ЖРК Алушовски

Ракометарките на Металург имаа супериорно издание на гостувањето кај ЖРК Алушовски и овоија лесни бодови со победа од дури 46 гола разлика. Избраничките на Дамчевска славеа со 63:17.

Победникот на натпреварот можеби се знаеше уште пред почетокот на дуелот, но ракометарките на Металург влегоа многу ангажирано и сериозно. Уште на почетокот беше решено сè кога гостинките поведоа со 10:1, а потоа и со 25:5. До крајот на натпреварот разликата постојано растеше и сè беше формалност. Само беше непознат конечниот резултат и со колкава разлика ќе триумфираат ракометарките на Металург.

Најефикасна во победничката екипа беше Марија Тасевска со единаесет гола, додека во тимот на ЖРК Алушовски се истакна Сања Трајановска со седум гла. Со оваа победа девојките од Автокоманда се израмнија со водечкиот тим на Куманово но имаат и еден натпревар повеќе.

ЖРК АЛУШОВСКИ – ЖРК МЕТАЛУРГ 17:63

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Мамер Реџепи.

ЖРК АЛУШОВСКИ: Стојковска, Тодоров, Георгиевска 2, Алушовска, Ангелковска 1, Божиновска 1, Трајановска 7, Костадиновска, 2, Петковска 3, Мемов, Димитријоска, Младеновска 1, Ристовска.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 мин.

ЖРК МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова 5, Владева 2, Гулицоска 1, Тасевска 11, Смајловска 3, Арсениевска 5, Алексоска 1, Калајџиевска 8, Дамчевска 6, Божиновска 5, Граматова 8, Стефановска 3, Петковска 5, Паскал.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.