Натпреварите од 15. коло во Супер машката лига го отворија пролетниот дел од сезоната. Екипите кои се натпреваруваат во регуларниот дел и се борат за пласман во плеј-офот со ова практично влегоа во завршницата на овој дел од сезоната.
Веќе се познати четирите екипи кои ќе играат во плеј-офот, а на Металург, Охрид и Бутел Скопје им се приклучи и Пролет така што веќе нема дилеми кои состави ќе играат во плеј-офот.
Во 15. коло домашните дојдоа до три победи. Пред своја публика славеа Бутел Скопје, Вардар јуниор и Еурофарм Пелистер 2, додека како гости за триумф се изборија Пролет 62 и Металург.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
[poll id=”2″]
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 15. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ВАСИЛ ГОГОВ (ВАРДАР ЈУНИОР)
Екипата на Вардар јуниор направи голем пресврт на дуелот против Металург 2. Од минус осум на полувремето „црвено-црните“ стигнаа до победа, а голманот Гогов имаше голема улога во овој триумф.
ЛЕВО КРИЛО: МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
Одлична партија на ракометарот од Црна Гора во дресот на Бутел Скопје на дерби дуелот против Охрид. Тој одработи добра средба и дојде до шест погодоци со кои беше и најефикасен на натпреварот.
ЛЕВ БЕК: МАРИО ТАНКОСКИ (МЕТАЛУРГ)
Добар почеток на вториот дел од сезоната за играчот на „металурзите“. Тој игра и како лев бек и како центар, па секогаш неговата добра форма значи и добар резултат за тимот на Металург.
СРЕДЕН БЕК: ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)
Искусниот организатор на играта на Пролет го отвори вториот дел од сезоната на одличен начин. Беше незапирлив на дуелот против Радовиш на кој Пролет одеше кон три бода за потврда на местото во плеј-офот. Средбата ја заврши со 11 погодоци.
ДЕСЕН БЕК: ЃОРЃИ ДУКА (ВАРДАР ЈУНИОР)
Ја имаше можеби најдобрата партија сезонава во дресот на Вардар јуниор. Покрај тоа што беше стрелец на шест гола, тој беше и стрелец на клучниот погодок со кој тимот на Вардар јуниор дојде до победа.
ДЕСНО КРИЛО: МАРТИН ПОПОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)
Уште еднаш потврди дека е играч кој донесе квалитет плус во Пролет. Мартин Поповски постигна осум гола во победата над Радовиш и во освојувањето на три бода за пласман во плеј-офот.
ПИВОТ: ВАСКО ДИМИТРОВСКИ (ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2)
Капитенот на вториот тим на Еурофарм Пелистер и еден од поискусните ракометари во лигата, Васко Димитровски одигра одлична средба. ГО водеше својот тим со шест гола до победа и три бода кои ќе значат многу во плеј-офот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО
СТРУГА – МЕТАЛУРГ 24:29
Мекиќ 8, Кузманоски 4, Рајатоски 3 – Поповиќ 5, Танкоски 5, Серафимов 4
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 62 20:33
Илиев 9, Стојановски 2, Долдуров 2 – Андоновски 11, Поповски 8, Моупитис 4
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАБОТНИЧКИ 33:17
Димитровски 6, Димитров 5, Трајковски 5 – Палевски 7, Добревски 3, Илиески 2
ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ 2 24:23
Карапалевски 8, Дука 6, Анѓелковски 3 – Стојановиќ 8, Мелоски 4, Митиќ 3
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 2013 22:20
Мајиќ 6, Печенковски 5, Мојсоски 3 – Тот 4, Андоноски 3, Блажески 3
ТАБЕЛА: 1. Металург 41 бод (515:374); 2. Охрид 37 (424:335); 3. Бутел Скопје 34 (401:360); 4. Пролет 32 (473:391); 5. Радовиш 22 (432:441); 6. Вардар јуниор 21 (409:440); 7. Пелистер 17 (391:396); 8. Металург II 7 (420:497); 9. Струга 4 (347:457); 10. Работнички 4 (416:537).`
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ТОП 5
164 – Давор Палевски (Работнички)
137 – Ивица Илиев (Радовиш)
94 – Иван Џонов (Пролет 62)
84 – Бобан Блажески (Охрид)
82 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)