Работнички немоќен во Битола, Еурофарм Пелистер 2 до лесна победа

Еурофарм Пелистер 2 стигна до важна победа во 15 коло од Суперлигата против составот на Работнички, откако славеше со убедливи 33-17.

Победникот беше решен уште во првото полувреме кога избраниците на Александар Зарков поведоа со девет погодоци, 19-10.

Во вториот дел гостите беа немоќни да го загрозат водството на битолчани и да се вратат во игра, па мечот рутински беше довршен до крајот.

Најдобри стрелци кај домашните беа Васко Димитровски со шест голови, како и Игор Трајковски и Никола Димитров со по пет.

Во составот на Работнички се истакнаа Давор Палевски со седум голови и Стефан Добревски со три.